Уште една трагедија во Србија: Две сестрички на возраст од 5 и 7 години загинаа од струен удар додека се капеле

0
56

Србија денеска беше потресена од моструозносто убиство на тричлено семејство од Алексинац, а во меѓувреме се случил уште еден трагичен настан .

Две девојчиња на возаст од пет и од седум години од Обреновац, настрадале од струен удар.

Се претпоставува дека смртта е предизвикана од струен удар, а медиумите пренесуваат две верзии на настани. Според првото, децата биле сами во станот, додека според второто, тие починале во кадата кога нивната мајка ги капела.

Порталот Пинк.рс наведува дека претходно, околу 15.40 часот, сосетка ја повикала дежурната служба и пријавила дека има поплава во станот на улицата Караѓорѓева, и дека некој повикува помош.

Патролата веднаш излегла на лице место и открила дека во станот има три деца, на возраст меѓу 6 и 8 години. Според медиумите, децата биле сами во станот, бидејќи нивната мајка била на работа.

Од друга страна, „Курир“ пренесува дека мајката била во станот и дека ги капела децата во кадата кога се случила трагедијата. И таа била повредена од струен удар, но била свесна и комуникативна. Заедно со нејзините деца, таа беше пренесена во здравствениот дом во Обреновац. Во болницата се обиделе да ги реанимираат децата, но за жал не успеале.

Смртта на девојчињата била констатирана околу 17 часот. Во станот имало уште едно дете, но не било повредено.