Име Магазин Технологија Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, ќе гради метаверзум

Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, ќе гради метаверзум

0
60

Facebook, гигант за социјалните медиуми, вчера објави дека ќе создаде 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на таканаречениот метаверзум.

Компанијата работи со други за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и зголемена реалност“, или метаверзум, рече шефот за политика и јавни работи на Фејсбук, Ник Клег.

“Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отвори пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток”, додаде тој.

Клег, поранешниот британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

“Освен технолошкиот талент што се појавува, ЕУ исто така има важна улога во обликувањето на новите правила за Интернет. Европските креатори на политики го водат патот во инкорпорирање на европските вредности како што се слободата на изразување, приватноста, транспарентноста и индивидуалните права во секојдневието.“, се вели во соопштението …

Американската компанија е под меѓународен притисок.

Поранешната менаџерка за производи на Фејсбук, Френсис Хоген, го обвини поранешниот работодавец на почетокот на октомври, меѓу другото, дека не е доволно транспарентен во однос на потенцијалната штета.

Фејсбук одговори дека Интернетот секојдневно се обидува да најде рамнотежа помеѓу правата на милијарди луѓе за слобода на изразување и безбедна средина за корисниците.

Фејсбук неодамна заврши на насловните страници и поради грешка во системот што доведе до пад на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм на околу шест часа.