Холанѓанец приведен на Табановце, незаконски престојувал во државата

0
19

Државјанин на Холандија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако полициските службеници откриле дека нелегално престојувал во државата.

– На 21.10.2021 во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници  бил приведен T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата, инфорираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.