Хоџа – Нема да дозволиме да има некои нагло нарушување на пазарите

0
18

 

Ние внимателно ги следиме сите информации кои доаѓаат од пазарот, нормално дека освен интервенции кои ги имаме преку програмата за субвенционирање, оваа година имаме и помош преку ковид пакетот за подршка на земјоделството во делот на храната, за производство на храна, истакна Министерот за Земјоделство шумарство и водостпанство во врска најавениот ценовен шок.

-Не би можел да кажувам детали, ако е потребно ќе интервенираме да се ублажат таквите ситуации во однос на цените , а во делот на земјоделството ние веќе даваме подршка за таканаречената зелена нафта што покрива 50 % од трошоците кај земјоделците, во делот на субвенциоирањето, даваме основни и дополнителни мерки и плус подршка од ковид програмата, а излегуваме и во пресрет на било каква ситуација и нема да дозволиме да има некое нагло нарушување на пазарите, додаде Хоџа