Шилегов: И честитам победа на Арсовска, оставивме неизбришливи траги за Скопје во овие четири години

0
16

Градоначалникот во заминување Петре Шилегов, честиташе на Арсовска победа, и искажа благодарност за сите кои дале поддршка за него.

„Дозволете ми најпрво да ви честитам на изборот, да и честитам на г-ѓа Арсовска. Благодарност за сите граѓани и активисти кои дадоа поддршка. Благодарност на моето семејство, за екипата со која оставивме неизбришливи траги. Булевари, мостови, улици е нешто што ќе остане засекогаш. Драго ми е што Скопје го оставивме во развој. Ние сме тука понатаму, да продолжи Градот да се развива да не дозволиме да се случуваат силувања на градот како порано.

На крајот од мандадот успеавме да го свртиме Скопје во еден обратен правец во кој веќе враќање назад ќе нема“, изјави Шилегов.