Ахмети – Апелирам да ги вратиме реките какви што беа чисти, да ја вратиме пастрмката

0
19

Нашата агенда ќе биде полна со задачи, ние сме подготвени сите барања да ги исполниме, да го подобриме статусот на албанците,пососочи лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот од Боговиње. Кандидатот за градоначалник од оваа општина Бесник Емшиу, најави инвестиции во инфраструктурата и решавање на проблемите во комуналната свера.

Урбанистичко планирање, развој на планинскиот туризам, проект за канализација на ситe села каде недостига, проекти за водоснабдување ,се само дел од најавите на кандидатот за градоначалник за Општина Боговиње од ДУИ Бесник Емшиу. Најави отворање на градинка во Камењане, спортска сала во Боговиње, изградба на игротеки на отворено, како и отворени спортски терени.Ќе се залага за активирање на културните друштва, а со тоа и негување на традицијаta.

-Чест е да си кандидат за градоначалник на ДУИ. Фокус на моето работење ќе биде земјоделието. Изградба на канали за наводнување, Во мојот мандат ќе работам за подобрување на условите за работа во образованието, како за просветните работници, така и за подобри услови на учениците. Општина Боговиње има потенцијал за развој на туризмот. Ние ќе направиме пешачки патеки до самите езера на Шара, рече Емшиу

Претседателот на партијата Али Ахмети, истакна дека имаат кадар со визија, големи идеи за напредок на сите граѓани и на целото општество.

Од 2002 сме работеле за влез во НАТО, нема да застанеме тука. Ќе продолжиме на полето на инвестиции. Не можеш да бидеш дел од ЕУ, без добра инфраструктура патишта, план за градење, без канализација, без вода, чист воздух. Апелирам да ги вратиме реките какви што беа чисти, да ја вратиме пастрмката, сите имаме морална обврска да ги исчистиме реките и да создадеме добар амбиент за живот на нашите деца, истакна Ахмети

Нашата агенда е живот, зелена агенда. Ќе имаме многу работа, но ние нема да се откажеме ќе продолжиме со уште позасилено темпо, дополни Ахмети