Села: Оние кои се многу дигнати и немаат фобија од височини, лошо ќе им се скрши носот на 17 октомври

0
20

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, од Боговиње рече дека тие како коалиција не можат да се појават пред граѓаните и да прашаат: Дали некогаш сме ве излажале? „Дали ги исполнивме ветувањата што ги дадовме? Овие треба да бидат основните вредности на демократиите, и тие треба да бидат основните вредности на трка во која се појавуваме и се натпреваруваме. Пред една година дојдовме и ви понудивме програма и платформа. Денес, по една година, иако сме во опозиција, доаѓаме со исполнети ветувања. „Да, да, оваа коалиција, заедно со пратениците што ги има, успеа да го донесе законот за државјанство“, изјави Села од Боговиње.

Села рече дека е важно градоначалниците кои се од опозицијата да известуваат за работата што ја завршиле во овие четири години.

Toј истакна дека владејачката партија ДУИ, присвоила се што можела од обвинителство до полициските началници, додека според него, тие се обидуваат да го присвојат напорот и потта на градоначалниците предводени од опозициските кадри.

„Се обидоа да ги присвојат дури и оние добри дела кои ги направивме со толку моќ колку што имаме како опозицијата во собранието. Но, народот гледа, гледаат кој е на патот на праведност и просперитет, и гледаат кои се манипулаторите и со трикови ни кажуваат каков ќе биде епилогот на 17 -ти октомври. Е па, оние кои немаат фобија од височини, и кои се држат многу високо, со ова присуство вечерва, ви велам дека лошо ќе им ги скршите носевите на 17 октомври. Лошо ќе им ги скршите носевите затоа што колку повисоко да си, толку е потешко кога ќе паднеш. „Не само во Боговиње и Врапчишта и Гостивар, туку лошо да им ги скршите носевите од Липково до Струга затоа што овој народ  вели доста е“, рече Села.