Ќоку: Директорите од ДУИ да престанат со притисоците врз наставниците

0
17
-Во последниве денови, многу наставници од основните и средните училишта пријавиле еден феномен колку вознемирувачки, толку и понижувачки за нашето општество. Некои директори, по наредба на владејачката партија, ДУИ, вршеле притисок, закани и условување, од различен вид, злоупотребувајќи ја моќта што ја имаат во своите раце само уште неколку дена. Директорите се заканувале на секој наставник кој е поддржувач на албанската опозиција, а потоа ги условувале другите да учествуваат во нивните собири на сила, принудно и против нивната волја. И на крајот заканите одат дотаму што бараат да гласат за ДУИ предупредувајќи ги дека нивнта работа е загрозена доколку не го направат тоа. Најизложени на овие притисоци и уцени се привремените вработени, наставници без решение обвини Лулзиме Ќоку, Претседателка на Собранието на Жените на Алијанса за Албанците – Огранок Тетово
Таа на пресс конференција која ја одржа во седиштетот на Алијансата на Албанците во Тетово додаде
-Како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернативите ги повикуваме споменатите директори итно да го прекинат притисокот, бидејќи се е документирано и наскоро ќе одговараат. Во меѓувреме, наставниците, оние кои се надеж на општеството, највредните луѓе, да се спротистават, да ја одржат благородната улога што ја имаат и да бидат убедени дека ова се последните денови во кои се соочуваат со овој притисок. Вие драги наставници, ќе бидете симбол на овој отпор и голема победа против диктатурата и неписменоста на оваа власт. Ние ве уверуваме дека по 17 октомври, никој нема да ве допре, а вие што сте во моментов со договор на дело, ќе го добиете заслужениот статус и идните директори на училиштата ќе бидат избрани од вас заедно со советот на родители, додаде Ќоку