Ахмети – Да се мобилизираме и да не дозволиме ВМРО ДПМНЕ да победи во Гостивар и Кичево

0
20

Да се мобилизираме и да не дозволиме ВМРО ДПМНЕ да победи во Гостивар и Кичево, посочи претседателот на ДУИ Али Ахмети на митингот од гостиварско Чегране. Тој побара подршка од мештаните за кандидатот за градоначалник Невзат Бејта, оти како што рече на Гостивар му треба достоен лидер.

 

Не сме далеку од победата, туку блиску до неа. Да беше обратно немаш да дојдам тука. Со вашиот глас не гласате за Невзат Бејта или за Али Ахмети, туку гласате за својата иднина, истакна лидерот на ДУИ од гостиварско Чегране. Тука на оваа средба побарав да има луѓе кои не гласале за нас, и сакам да порачам пред нив дека сме правеле грешки, но многу е и јасно кој се грижеше за вас изминативе 20 години. Работевме и постигнавме многу, затоа и не изгубвме ниту еднаш во изминативе две децении, потенцираше Ахмети

Оваа средба јас лично ја побарав, исто како и средбите со граѓаните од другите населени места, затоа што поради вирусот не сме се се среќавале често пати за да разговараме одблиску за проблемите. Ги молам чегранци да се мобилизираат и да не дозволиме ВМРО ДПМНЕ да победи во Гостивар Претстојат важни проекти како Коридорот 8, железничката траса за кои е потребна  политичка поддршка од локалните самоуправи.Сега отворивме ново поглавје како ДУИ и на Гостивар му треба достоен лидер. Се разбира, на многу проекти им е потребна политичка поддршка од општините. Погледнете наназад и видете кои бевме пред 20 години. Ни требаат и општините да го придвижат процесот напред. Благодарен сум ви за досегашните победи, а жал ми е за другите, тие кои немаат капацитет и да ни бидат достојни противници за да „влеземе во ринг“, рече Ахмети

 Тој побара од жителите на Чегране да му кажат отворено и лично, зошто во оваа средина оствариле лош изборен резултат и каде е грешката доколку ја има.Ахмети најави дека повторно ќе дојде во Чегране а овој пат одлучил собирот поради солидарност да помине само со кратко негово обраќање, оти во селото имало семејна трагедија предизвикана од сообраќајна незгода.