Placebo идната година со концерт во Скопје

0
56

После откажувањето на европска турнеја во 2019 година, која го опфаќаше и Скопје, британскиот рок состав Placebo идната година ќе дојде во Скопје. Како што информираат од Авалон Продукција , концертот ќе се одржи на 16 јули ( 2022 година) , на стадионот на АРМ.

  • Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите песни досега на Placebo, новиот сингл „Beautiful James“, како најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем настан, потенцираат од Авалон Продукција.

Влезниците  за концертот ќе бидат пуштени во продажба во петок, (15-ти октомври) во 09 часот наутро, по различни цели и категории. Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат со новиот датум доколку тоа не го сакаат, бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

Британскиот состав Placebo е формиран 1995 година. До сега објавиле 7 студиски албуми, а меѓу другите признанија, наградени се од музичкиот канал MTV -EMA за најдобра алтернативна група во 2009 година.