Гостиварското обвинителство поведе постапка за уништување електрични инсталации

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело уништување или оштетување јавни инсталации.

 

Обвинетиот, на 9 август, управувајќи товарно моторно возило МАН, растоварал огревни дрва пред куќа во село Врапчиште, па зафатил и скинал проводници во сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје.

 

Со ова предизвикал прекин на снабдувањето со електрична енергија на околу 30 куќи во селото и значително го нарушил редовниот живот на жителите, додека на ЕВН Македонија и била нанесена штета од околу 20 илјади денари.​​