„Децата ќе се удавеа, избегавме голи и боси, никој не помогна“ – Зајаска река се излеа и на улица остави 100 семејства во Кичево

100 семејства од Прилепско мало од Кичево се практично на улица, откако синоќа Зајаска река се излеа и ги поплави нивните домови. Молат за помош во храна и облека, но и покрив над глава да ги поминат ноќите. Водата велат ни ја донесе калта во домовите, а ни го однесе неопходните работи за живот

Вистинска драма во прилепско мало. Водата од Зајаска река за кратко ги поплавила домовите.Жителите боси ги напуштиле куќите, а некои се бореле со надојдените води во собите спасувајќи ги децата. Среќа во целата несреќа, велат е што нема загинати и повредени.

Освен медиумите велат никој не ги посетил. Бараат ќебиња и топла облека, но и механизација која привремено би ги заштила, превејќи насип на Зајаска река. Во домовите немаат услови да преспијат, ќе бараат сами чаре, оти од надлежните не добиле никакво ветување

Зајаска река при поголеми поројни дождови постојано се излева и го поплавува прилепско мало. Решението е регулација на коритото, ветување кое како што посочија мештаните се повторува во секој предизборен период, но потоа сите забораваат, а водата секоја година, го зема и тоа малку што го заработуваме.