Мицкоски изрази жалење: После ова не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство

0
29

Јас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.

Според него, ова е влада што погрешно ги води процесите

Ќе почекаме до 12 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се сепак методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со никти греба за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е, потенцира Мицкоски и додава дека предвремени парламентарни избори се решение за излез од кризата.

-Треба да се заедничка опција. Чувствувам жалење што нивото толку се спушти, појаснува Мицкоски.