На 60 дена замрзнати цените на основните прехрамбени подукти во Србија

Српската влада ги ограничи цените на основните прехрамбени производи. Со одлуката на владата ограничени се цените на шеќерот кристал, брашно тип-400, сончогледовото масло, свинското месо и млекото со два запирка осум насто млечни масти, така што цените да не бидат повисоки отколку што биле на 15-ти ноември.

Ограничувањето на цените е утврдено за да се отстранат штетните последици и да се спречи нарушување на пазарот, и нема да се однесува на намалени цени, распродажби, сезонски намалувања или акциска продажба, ако важеле на 15-ти ноеври годинава.

Ограничувањето ќе се однесува на редовните цени, пред намалувањето, соопшти српската влада. Одлуката за ограничување на цените ќе се применува 60 дена.

Предвидено е производителите на овие производи да не смеат да испорачуваат количини, помали од просечните во последните 12 месеци, а за кршење на овие одредби, предвидени се парични казни од 100 илјади, до два милиони српски динари, што е од 850 до 17 илјади евра.