Порано ми беше тешко, бев сиромашна, сега без внуците сум уште посиромашна“ – Животот на баба Фикрије (107) од Тетово, една од најстарите пензионерки во Македонија

0
39
Војни, голема сиромаштија, преселби, самотија, губење на најблиски, па и на нејзиното чедо, постариот син, баба Фекрије Љоки од Тетово, родум од Косово поминала низ многу премрежија, но борбата и волјата за подобро утре ја одржува во животот. Баба Фикрије има 107 години, родена е на 10 јануари 1914 година и е една од најстарите пензионерки во Македонија.

 

ММС ја посети во нејзиниот дом во Тетово, да и посака добро здравје и да ја праша која е нејзината формула за долг живот, бидејќи оваа храбра баба ја надживеа и вообичаената честитка која на секој му ја посакуваме за роденден – „ај па да славиш стотка“, иако со овој стресен начин на живот, сите ние многу и не веруваме во тоа.

Баба Фикрие сега има 12 внуци, кои ги добила од трите деца. Едниот син бил гастарбајтер и починал од рак во Данска, каде сега живеат неговата сопруга и децата. Нејзината ќерка е омажена во гостиварски Калник. Сега во оваа голема куќа на три ката во Тетово таа живее со помладиот син Раим. И тој е печалбар, сопругата и трите деца му се во Швајцарија, но тука во Тетово дошол да се грижи за неговата долговечна мајка.

Пред куќата на баба Фикрие не пречека Раим, кој кога слушна кого бараме ни рече:

-Да дојдевте пред три месеци ќе ја затекневте во одлично здравје, и физички и умствено. Но, пред три месеци мајка ми доби излив, па памтењето не ја служи многу, и не е толку подвижна како порано, ни рече тој, па од тие причини Раим седна со нас и ни ја раскажа целата нејзина животна приказна.

ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ НА ММС

„Порано ми беше тешко, бев сиромашна, сега без внуците сум уште посиромашна“ – Животот на баба Фикрије (107) од Тетово, една од најстарите пензионерки во Македонија