Франција си го смени знамето и тоа преку ноќ

Има мали промени кај француското знаме. Сината стана потемно сина, како во Француската револуција.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон решил преку ноќ да го смени знамето на Франција, а скоро никој во светот не забележа. Се работи за мала, а голема промена: трите бои од „тробојката“ остануваат исти, но според „Европа 1“ претседателот сакал да ја врати темносината боја, која е симбол на Француската револуција, наспроти светлосината која во 1976 година била првпат воведена за да одговара на сината од знамето на ЕУ, пишува Б92.

Се верува дека на одлуката влијаел и адмиралот Бернар Рогел, затоа што француската морнарица веќе користи темносина на бродовите.

Многу земји во светот го менувале своето знаме. Држава што го најмногу го менувала своето знаме е Авганистан – 15 пати. На знамето на Мавританија во 2017 година беше додадена црвена линија од горе и долу.