Деновиве беше остранета велосипедската патека долж булеварот Илинденска во Тетово, оти, како што кажаа градските власти била незаконски поставена од претходната локална самоуправа. Сега велосипедистите останаа само со една патека, но и таа често узурпирана од возила и тезги. Поради немање услови, велосипедисти во Тетово се помалку, а автомобили се повеќе, создавајќи хаос и поголемо аерозагадување
Остранети и последните столбчиња кои ја обележуваа велосипедската патека долж булеварот Илинденска. Сега на патеката се паркираат возила, а велосипедистите возат по улици и тротоари, за нив нема соодветни сообраќајници.
70 годишниот Шериф Ајдини постојано е на велосипед, но сега откако ја нема патеката се чуствува небезбеден.
И останатите кои го користат велосипедот како превозно средство, сметаат дека патеката не требаше да се острани
А остранувањето на патеката беше едно од ветувањата на новиот градоначалник Биљал Касами, од програмата 100 дена Општина Тетово
И покрај проширувањето на булеварот на сметка на велосипедската патека, хаосот во сообраќајот и натаму присутен. Полицијата треба да биде повеќе на терен и да контролираа бараат возачите.
Сега на велосипедистите им остана само една патека за возење на булеварот Маршал Тито
Едната патека остранета, другата узурпирана, причина што могу тетовци како и Ајдини се откажуваат од возење велосипед.