Александар Николоски: Ние ќе си одиме од Собранието, бараме избори

0
17

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.

– Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт.

Во изјавата за медиумите, Николоски рече дека сите пратеници од опозицијата вечерва заминуваат од Собранието, затоа што најверојатно Реџепи ќе се појави после 24 часот кога ќе заврши седницата за доверба на Владата.