АЛТЕРНАТИВА ја сака фотелјата на Венко Филипче

0
18

Зоран Заев и Африм Гаши начелно се договорија за програмските аспекти, а ќе продолжат разговорите за поделба на ресорите во евентуалната заедничка Влада. Во соопштението од Илинденска доцна попладнево после средбата соопштија дека по внатрепартиските консултации ќе се дознае динамиката на идните средби.

Влада

„…Постигната е начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата. Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат… Започнаа разговори за преземање и споделување одговорности… пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија… односно за соодветните позиции, министри, заменици-министри и други раководни лица во рамките на централната власт…“

Гаши пред средбата изјави дека на земјава не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и оти неговата партија е – како што рече – подготвена да придонесе за да се надминат економската, политичката, здравствената и енергетската криза. За новиот мандатар Гаши рече дека е прашање на СДСМ за кое не сакаат да навлегуваат.

 Африм Гаши, Претседател на Алтернатива

„За нас е важно концептуално да се договориме и одговорноста што ја преземаат политичките партии, во овој случај СДСМ, треба да се договориме концептуално, а кадровските решенија на партиите не можеме да ги оспоруваме.“

Неофицијално, Алтернатива го сака Министерството за здравство и едно вицепремиерско место од четирите колку што постојат. И покрај тоа што Алтернатива смета дека е сè уште рано да се зборува за поделба на ресорите, неофицијални извори велат дека Беким Сали е името кое се спомнува во партиските тела за министер за здравство.