АРСОВСКА ГО РАСКИНУВА ДОГОВОРОТ ЗА УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ ТЕЖОК 243 000 ЕВРА

0
18

Оваа нова година според најавите градот Скопје ќе остане без новогодишно украсување, причината е во тоа што ќе се раскинува договрот со фирмата „Линк медиа плус“  која за 243.000 евра требаше да го уреди новогодишно градот.

Градоначалничката, Данела Арсовска, вели дека се одлучила на ваков потег поради тоа што државата се наоѓа во енергетска кризна состојба. Но, и рече дека наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните за ангажирање на фирми за украсување ќе го смени со тоа што ќе купи украси кои ќе бидат сопственост на градот.

ТВ24 стапи во контакт со „Линк медиа плус“ од таму во телефонски разговор посочија дека прв пат слушнале од медиумите за раскинувањето на договорот но и дека немАаТ добиено никаков документ за раскинување на договорот

„За раскинувањето на договорот дознавме од медиумите, до овој момент немаме добиено никаков допис или документ за раскинување на договорот.“ – велат од фирмата „ Линк медиа плус“.

Инаку, оваа фирма неколку пати се јавува како фирма која се задолжува, по пат на тендерска постапка, предновогодишно да го украсува градот. Договорот кој Арсовска најави дека ќе го раскине помеѓу град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ бил склучен во време на градоначалствување на сега поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Оваа фирма го украсува градот неколкупати и во време на СДСМ и во време на ВМРО ДПМНЕ.

24 вести