Ахмети: Изјавите на Дардишта не се според принципите на ДУИ

0
16

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска го коментираше „Фејсбук“ статусот на Шкодране Дардишта.

„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.

Ахмети рече дека таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ.

„Таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ“, рече Ахмети.

Претходно од Македонски Телеком се оградија од приватниот став на Дардишта.