Ахмети имал тензичен разговор со Заев: Го убедувал да остане премиер

0
17

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, имал разговор со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и му рекол дека не може да се прави компромис за големи работи, за тој да се повлече.

„Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована“, вели Ахмети за ТВ 21.