Битиќи: Наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада

0
17

Централниот одбор на СДСМ само побара да се одложи одлуката за оставката на Зоран Заев. Оставката е висок демократски чин и во нормални земји тоа би го сфатиле како начин да се преиспита зошто не оделе работи. Кај нас тоа се сфаќа предраматично. Ја ценам неговата одлука за оставка, но и ставот да се одложи, вели во Утрински брифинг потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.

Кај нас се поврзуваат позициите на претседател на партијата со претседател на Владата.

Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси.Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, вели Битиќи