Благоевград ги спушта знамињата на половина копје

0
33

Општина Благоевград во знак на сочувство објави еднодневна жалост за загинатите на автопатот Струма и настраданите во домот за стари лица во село Ројак.

-Вечерва на автопатот Струма, на патот Софија-Благоевград, кај селото Боснек, најмалку 46 лица го загубија животот во пожар во автобус. На 22 ноември, во селото Ројак, округот Варна, во пожар во дом за стари лица загинаа 9 лица, потсетија од Општината.

Општина Благоевград ги откажа сите културни настани, а знамињата на управната зграда ќе бидат спуштени на половина копје.

Општина Благоевград изрази сочувство до роднините на загинатите.