Бугарски експерт: Возачот изгубил контрола, еден знак на патот бил погрешно поставен?!

0
16

Според зборовите на експертот, еден знак не е правилно поставен и бил поставен превисоко.

Автобуската несреќа во која загинаа 46 лица во Бугарија е најлоша во Европа во последните 10 години. Автобусот со македонски таблички се запалил на автопатот јужно од Софија. Меѓу загинатите има 12 деца, а седум лица биле примени во болница во Софија и нивната состојба е стабилна.

Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортна политика на Бугарија ги анализирала снимките од дрон на делницата на автопатот Струма, каде се случила големата несреќа со македонскиот автобус.

Според нејзините зборови, на снимката од дрон јасно се гледа како возачот се обидува да го стабилизира автобусот по губењето на контролата, но потоа се забива во заштитна ограда.

“Тоа може да се случи. Но не можам да кажам во кој точно момент тоа се случило”, додала таа.

Знакот не се гледа

Друга снимка покажува знак поставен на остров на патот. Според зборовите на Русинова, тој знак не е правилно поставен и поставен е превисоко. Тој знак треба да се постави пониско, за подобро да се гледа, објаснила Дијана Русинова.

Според зборовите на Русинова, треба да се провери и рефлексијата на светлината.