ВИДЕО | Тачи: Јас сум добро информиран човек – нема шанси да падне владата, а ќе има нови министри

0
17

Вчера имаше консултации на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница на која на дневен ред е иницијативата за интерпелацијата на владата.

-Кога преговорите се одвиваат во пет до 12, разговорите се тајни. А разговорите ги води Зоран Заев. Мислам дека денеска нема да падне владата. Според информациите што ги имам, владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори, вели за Утрински брифинг пратеникот на ДПА, Мендух Тачи.