ВМРО ДПМНЕ:Две месеци нема ништо конкретно од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово

0
17

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е неприфатливо е да нема ништо од одговорноста за употреба на градежни материјали, за протоколите за гасење на пожарот, како и за посетите на членови на семејствата во објектот каде што имало пациенти со ковид-19

Според ВМРО-ДПМНЕ срамна е истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.

Како што велат од партијата, неприфатливо е и по два месеци да нема ништо за одговорноста за употреба на градежни материјали, за протоколите за гасење на пожарот, како и за посетите на членови на семејствата во објектот каде што имало пациенти со ковид-19.

„Ништо конкретно за несоодветната инсталација, за присуство на кислородни боци каде што имало и електрични апарати со висок напон, ништо конкретно за што било што води до одговорностна Венко Филипче, Илир Хасани, Шахпаска, Анѓушев или кој било друг поврзан со градбата на модуларните болници, за било кого од луѓето на режимот на Зоран Заев и на СДСМ. Два месеци ништо конкретно од истрагите на ЈО, истрагата на пет јавни обвинители од Скопје и од Тетово, нема ништо конкретно од истрагата на МВР кое води паралелна истрага, ниту од која било институција за најтраорната трагедија во современата македонска историја“изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција