ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за стопирање на бетонизацијата на Маврово

0
20

Зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за стопирање на бетонизацијата на Маврово.

Апелираме за вонреден надзор и почитување на законите. Потребно е да се вклучи и обвинителството кое треба да ги разгледа случаите на бесправно градење. Се работи за организирана мрежа која добива закрила од власта.

Јавна тајна е дека зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта.

Заев ветуваше едно пред 5 години, сега прави сосема друго.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ