Во автобусот се возеле претежно деца

0
15

Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, рекол премиерот Зоран Заев во изјава за МИА. Како што додал тој, најголем дел од патниците се наши граѓани, но имало и од Србија.

Веројатно, како што рече, се враќале од екскурзија, но сепак деталите за ова дополнително ќе се утврдат.

– Се уште не ги знаеме сите информации бидејќи насочени сме кон преживеаните, да видиме дали се добри, дали некој е во животна опасност. Ќе ги дознаеме првичните информации од бугарските служби, а потоа ќе се утврди кои биле дестинациите од кои се враќале, како и сите преостанати детали, вели Заев во изјавата за МИА.