Во Желино нема да се прегласува, Управниот суд реши во корист на жалбата на Беса

0
15

Блерим Сејди, кандидатот на Беса и официјално е новиот градоначалник на Беса. Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино. Ова значи дека во оваа општина нема да има прегласување, откако во четвртокот Државната изборна комисија го прифати приговорот на ДУИ. Сејди победи со 69 гласа предност пред кандидатот на ДУИ Фатмир Изаири

Одлуката на ДИК беше поводот пратениците на Беса да се потпишат на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа сѐ уште учествува, незадоволни од однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ.

Минатата недела генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, изјави дека со приговорот за гласањето по вториот круг од локалните избори во Желино коалицискиот партнер ДУИ им забиле нож во грб.

„Јас како министер нема повеќе да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Не можам да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика. Очигледно, ДУИ не ја интересира големата слика туку повеќе другите работи, како што е ова со Желино, да направи кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“, рече Хоџа.

 

.