Во охридската болница се затвори и детското одделение – нема кадар

0
19

Не дај Боже во Охрид да се разболи дете, педијатри се бројат на прсти

Втор ден детското одделение во Охрид работи само како обична амбуланта. Поради недостиг на педијатри, најмладите за хоспитализација се испраќаат во болницата во Струга, како што вчера објави Алсат. Граѓаните се револтирани и бараат брзо решение од надлежните

Каде ќе се носат после дечињата, ако нешто не дај Боже?! Ние лежевме на детско пред една недела. Секако дека има потреба од тоа, ако дојде до инфузија или влошување, ќе нема каде да одиме.“…

„Страшно е тоа. Каде ќе одат пациентите? Навистина е страшно. Најважниот дел од нашата популација да биде без лекари…“…

„Страшно е. Само тоа можам да кажам. Зошто, ако нема децата каде да се лекуваат, каде ќе одат?“, реагираат граѓаните.

Од четворица педијатри, останати се само двајца, од кои едниот во февруари заминува во пензија. Ако нема решение на проблемот, можно е да дојде до комплетно затворање на одделот.

„И сега е веќе трагично, а тогаш ќе биде катастрофално трагично. Јас како началник на детско одделение сум презагрижен…“, вели Орхан Зеќир-началник на детско одделение.

Но, од Министерството за здравство тврдат – децата во охридската болница добиваат непречена грижа.

„…Министерството за здравство е запознаено со околностите со двајцата педијатри и во најбрзо време за болницата ќе се обезбедат уште двајца педијатри…“, наведуваат од Министерството за здравство.

Но, началникот на детското одделение вели дека болниците во Струга и Кичево веќе одбиле да им дадат помош во педијатри. Дополнително во Охридската болница од пред неколку дена, поради недостиг на специјалисти, одделот за урологија е затворен и работи само амбулантскиот