Во Скопје жив и здрав најден Бошко Митовски од Тетово кој беше пријавен за исчезнат

0
16

Тетовската полиција информираше дека 40-годишниот Бошко Митовски кој беше пријавен за исчезнат е најден во Скопје. Бошко беше пријавен за исчезнат во тетовската полиција од страна на неговиот брат на 28 октомври.

– На 1 ноември 2021 во 02.05 часот на подрачјето на Гази Баба, Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го пронашле Б.М.(40) од Тетово, за кого неговиот брат А.М. на 28 октомври 2021 во СВР Тетово пријавил дека се оддалечил од домот. Тој бил предаден на неговиот брат, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За потрагата по Бошко, семејството побара помош од граѓаните преку социјалните мрежи.

– Пријатели, брат ми го најдовме, жив и здрав, фала на сите што споделивте, напиша на социјалните мрежи неговиот брат Анѓелко.