Вучиќ: Знам дека не бевме „бели ангели“ но надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија

0
25

29 Ноември е денот кој поранешната заедничка државна творба , го славеше како свој роденден.

На оваа тема , а во гостување во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, се произнесе и српскиот претседател Александар Вучиќ кој истакна дека „надворешниот фактор бил клучот за уништување на поранешна СФРЈ.

Важно е да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку, изјавува во емисијата Вучиќ.

– Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија, додаде Вучиќ според кого не било одговорно се да му се припишува на Милошевиќ.