Вучиќ размислува дали да го одложи состанокот за Отворен Балкан по оставката на Заев

0
17

Српски Танјуг, пак, објави дека од кабинетот на премиерот во оставка, Зоран Заев, кажале дека тој нема да отпатува за Белград, но оти ќе испарат друг политички претставник

Фото: Фејсбук страница на српскиот претседател Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, според неговата последна објава на социјалните мрежи, размислува дали да се откаже состанокот за Отворен Балкан закажан за 3 и 4 ноември во Белград.

„Силна поддршка за отворен Балкан. Дали да го одржиме или да го одложиме состанокот во Белград имајќи ги предвид случувањата во Скопје“,

напиша Вучиќ.

Во објавата, српскиот претседател има и фотографија со претседателот Стево Пендаровски и албанскиот премиер Еди Рама, со кои заедно се наоѓа на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов, што се одржува денеска и утре.

 

 

Српски Танјуг, пак, објави дека од кабинетот на премиерот во оставка, Зоран Заев, кажале дека тој нема да отпатува за Белград, но оти ќе испарат друг политички претставник.

Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од челната позиција во СДСМ, по поразот и во вториот круг од локалните избори.