Гаши за ТВ 21: Ако имаме силна потврда дека сме блиску до датум, немаме дилема каде треба да се ориентираме

0
17

Гаши кој заедно со уште тројца пратеници од неговата партија се потписници на иницијативата за гласање недоверба на Владата вечерва за ТВ 21 одговари на прашањето дали сакаат да бидат дел од актуелното мнозинство

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 вечерва посочи дека ќе бидат конструктивни овој период.

„Ќе се консултираме со албанските политички фактори во регионот. Ни треба стабилност. Како претседател на опозициска партија би рекол дека е добро да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни, треба да има стабилност во земјата“,

рече Гаши.

Тој вели дека за тоа дали сакаат да бидат дел од актуелното мнозинство ќе треба да разговараат во партијата.

„Да направиме анализи. Да се консултураме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека сме блиску до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме“,

изјави Гаши.