ДВАЈЦА ОД ВКУПНО СЕДУМТЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕ

0
18

Двајца од вкупно седумте преживеани во автобуската несреќа која се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, пристигнаа денеска во Скопје.

Седумнаесетгодишна девојка и еден повозрасен пациент, кои се во стабилна состојба и се сместени на Клиниката за пластична хирургија.

Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат, ќе бидат хоспитализирани, по што ќе се направи проценка за да се испишат на натамошен домашен третман, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Роднина на младата девојка која ја преживеа несреќата, раскажува како девојката сама се извлекла од автобусот, се обидела да ја повлече и братучетка и, ама не успеала, а откако скокнала, автобусот експлодирал.

Министерот Филипче изјави дека останатите пациенти се очекува да пристигнуваат од понеделник, во зависност од нивната состојба.

Сите пациенти се со полесни повреди, освен еден пациент кој имал два хируршки зафати.

24 вести