Двомесечно бебе починало како последица на ковид во Србија

0
48

Едно двомесечно бебе починало како последица на коронавирусот на Детската клиника Тирсова во Белград, пренесува Танјуг.

– За жал, првото бебе кое го добивме почина минатата недела. По речиси шест недели борба за живот, изјави докторката Снежана Рсовац.

Таа изјавила дека на таа клиника биле сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

– Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе успеа да се опорави иако долго беше на респиратор, изјави Рсовац за ТВ Прва.

Таа додаде дека сите други деца на таа клиника се добро, а се намалил и бројот на примени на заразени деца.