Девојка прегазена во Центар, со тешки повреди пренесена во Ургентен

0
21

На 12.11.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(63) од Италија, со постојан престој во Скопје, удрилo во пешакот Т.К.(24) од Скопје.

-Во несреќата Т.К се здобила со тешки телесни повреди констатирани во  Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.