Димитров: Бугарското вето не е само за нас, туку е вето и на европската политика на Балканот

0
17

Бугарското вето не е само за нас, туку е вето и на европската политика на Балканот .

Бугарското вето не е само за нас, туку е вето и на европската политика на Балканот и на македонско-бугарското пријателство, оцени вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград. Оттука, потенцира Димитров овој регионален проект нема право на вето, а колку повеќе соработуваме побрзо ќе ја убедиме Европската Унија дека сме регион кој не носи проблеми, туку решенија. На прес-конференцијата не изостана ниту темата за актуелната политичка состојба во Македонија, ниту прашањето до него дали евентуалната нова власт би била ризик за учеството на Македонија во Отворен Балкан.

На прес-конференцијата доминираа и прашања поврзани со тоа дали вратата на Отворен Балкан, е отворена и за останатите три држави во регионот, што беше потврдено и од тројцата лидери. Порака за придружување добија и Српскиот претседател Вучиќ порача дека Ова не освен за Белград,

-Еди зборуваше за Германците и Французите. Јас мислам дека Србите и Албанците, како два најголеми народи на Западен Балкан ќе се испокараат кои би биле Германци, а кои Французи. За малку работи би можеле да се договориме. Затоа, оваа иницијатива е вистинскиот пат за надминување на проблемите., изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Во однос на соработката меѓу трите земји, Вучиќ и Рама изразија разочарување што досега договореното за побрз проток на стоки не се почитува и дека извозните со денови чекаат да ги поминат граничните бариери. Најавија скорешно формирање Инвестициски СОвет со претставници од сите институции во земјите кој ќе гарантира слободен проток на производите.

-Имаме извозници од трите земји. Нкеои извезуваат свежо млеко и производи, кои не можат долго да стојат на границата. Невозможно е да дојдете на граница во петок вечер и чекате до понеделник. И потоа тоа млеко ќе се претвори во јогурт., изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Во однос на соработката меѓу Македонија и Србија, Вучиќ најави дека следно е да се олеснат процедурите околу купувањето недвижнини и оданочувањето. Следниот регионален собир е закажан за 25 декември во Тирана.