Димитров во Белград: Резултатите од локалните избори не се ризик С Македонија да ја напушти иницијативата „Отворен Балкан“

0
16
Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov attends a news conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias following their meeting at the Foreign ?inistry in Athens, Greece, June 14, 2017. REUTERS/Costas Baltas

Тој одговараше на новинарско прашање, дали по резултатите на локалните избори постои ризик за учеството на С Македонија во оваа иницијатива, имајќи предвид дека се можни предвремени парламентарни избори и доаѓање на сегашната опозиција на власт, чиј лидер, како што рече новинарката, се изјаснил против оваа иницијатива

 

Ако директно ги поврземе резултатите од локалните избори со Владата, може да се каже дека владејачките партии освоија повеќе гласови од опозициските. И иако ова е хипотетички кажано, тоа значи дека граѓаните сакаат да одат напред, а тоа меѓу останатото значи и добрососедски односи и регионална соработка, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на прес-конференцијата во Белград по состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој одговараше на новинарско прашање, дали по резултатите на локалните избори постои ризик за учеството на С Македонија во оваа иницијатива, имајќи предвид дека можни се предвремени парламентарни избори и доаѓање на сегашната опозиција на власт, чиј лидер, како што рече новинарката, се изјаснил против оваа иницијатива.

„Интересен е контекстот во кој го споменавте зборот ‘ризик’ и ‘лидер на опозицијата’, бидејќи и во мојата глава ризикот го поврзувам со лидерот на опозицијата. Но, треба да кажеме дека секогаш е добро да имаме конкуренција, за тоа кој може подобро… Дури и ако некогаш дојде до промена на власта, што не е невообичаено, бидејќи сме демократија, ќе се следи волјата на граѓаните, а тоа е земјата да оди напред. Затоа не гледам некој брз ризик за мојата земја, РСМ да излезе од оваа иницијатива“,

рече Димитров.

Тој потоа објасни дека за земјата е важно да биде во оваа иницијатива како дел и подготовка за европската интеграција.