ДУИ: Коалицијата Левица – Беса – Алијанса, му наштети на европскиот пат

0
15

Ова мнозинство со право медиумите и граѓаните го оквалификуваа како анти-НАТО, анти-САД, анти-ЕУ, но и против признавањето на Република Косово и против Охридскиот, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.

Оваа група на егзекутори на европската и евроатлантската перспектива на Македонија сериозно го наруши имиџот на нашата земја и институционалната стабилност, но и кредибилитетот на интегративниот процес.

Стимулирањето на кризата и предвремените избори директно го загрозуваат отворањето на преговорите со Европската унија во Декември годинава.

Авантурата на кумовите на коалицијата Левица, Села и Таравари заедно со Касами и Хоџа ги урива темелите на политичкото организирање на Албанците и нивните аспирации за еднаквост и интеграција.

Длабокиот пораз на локалните избори на сите овие партии заедно им го замати разумот обединувајќи ги да го поразат ДУИ, но уште полошо, да ја уништат европската иднина, меѓуетничките и меѓусоседските односи како и сите достигнувања на Охридскиот Договор.

Со почит,

Демократската Унија за Интеграција