Дујовски: Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот и тоа не е вообичаено

0
26

Никола Дујовски, професор од Факултетот за безбедност во гостувањето во „Топ тема“ даде своја анализа за сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија, каде загинаа 45 македонски државјани.

„Треба да се погледнат причините. Очекуваме од бугарските истражни органи во еден разумен рок да ги утврдат причините и одговорностите. Не смее да се брза. Се вели дека пожарот избувнал во предниот дел на автобусот. Тоа не е вообичаено и многу брзо се префрлил во остатокот од автобусот. Резервоарите во автобусот се распоредени за да се заштити целото возило“, рече Дујовски.

Вели дека трагедијата е резултат на тоа што институциите не си ја врша работата.