Екс пратеникот на БЕСА, Реџепи – Самиот одлучив да се засолнам за да не отиде земјата во правец во кој не верувам

0
15

Екс пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, сеобрати на јавноста – „Самиот одлучив да се засолнам за да не отиде земјата во правец во кој не верува“

„Јас сум мирен со чиста совест, за да нема сомнежи и шпекулации јас, Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, Албанците и Македонците и сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на својот народ самоволно се засолнив на денот на гласањето со цел земјата да не отиде во правец кој е спротивен на моите убедувања и на целта која ни ја дале граѓаните. Не е лесно да се разидеш со сопартијците но кога САД и ЕУ ти велат дека има шанса за старт… Јас се надевам дека во деновите пред нас разумот ќе надвладее. Верувам во мостови меѓу нас. Јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сметам дека на земјата сега и е потребна стабилизација, почеток на преговорите со ЕУ, борба со пандемијата и енергетската криза. Не нови избори туку стабилно мнозинство и брза реконструкција на Владата ако тоа е потребно“, рече Реџепи предмалку на прес конференција во Собранието.