Жител на Муртино се обидел да силува тинејџерка

0
20

На 26.11.2021 во 18:30 часот полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со С.З.(32) од с.Муртино, струмичко во врска со претходна пријава на 25.11.2021 во 19,00 часот од 18 годишна жителка на Радовиш.

Таа пријавила дека на 23.11.2021 околу 21:30 часот во с. Муртино заедно со С.З. заминале во куќа сопственост на С.З., каде користеле марихуана, а потоа пријавениот се обидел да ја силува.

По добиена судска наредба извршен е претрес на домот и други простории во с.Муртино сопственост на С.З. при што пронајдени се предмети со остатоци од марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.