Здравствен работник не треба ни да дискутира дали да се вакцинира, не само против Ковид- став на д-р Гроздановска

0
16

Ја немаме комплетната поддршка од здравствените работници во процесот на вакцинација против Ковид – 19. Според приближните податоци, 70-75% од здравствените работници се вакцинирани. Ова го кажа професорката Александра Грозданова, која е национална координаторка за имунизација, Претседател на Стручната комисија за имунизација и членка на Техничката група за имунизација против Ковид.

-За нас е поразително дека здравствени работници се промотори на невакцинирањето, верувајте, и професионално и етички е неисправно, поразително е што ја немаме комплетната поддршка од здравствените работници. Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството, рече Грозданова на онлајн разговорот со новинарите.

Д-р Грозданова рече дека медицинарите не треба да го поставуваат прашањето за вакцинација и против хепатит, морбили, грип и други болести и го кажа примерот со САД, каде не може да се влезе во здравствена институција, без вакцинален картон.

На прашањето дали  вакцината против Ковид треба да стане задолжителна, националната координаторка за имунизација рече дека не очекува да стане задолжителна за општата популација, но за одредени категории на граѓани, да.

– Пред се за здравствените работници. Сите би биле посреќни ако проработи свеста на индивидуата, отколку да се наметне задолжителноста, рече д-р Гроздановска.

Според неа, прерано е да се зборува за потребата од четврта, бустер доза додека не се види како ќе се развиваат вакцините. Интенција е да се зголеми опфатот со вакцинација, што кај нас е со 38%, додека на светско ниво процентот на вакцинирани е 53%, односно имунизирани се 7,7 милијарди луѓе.

-Како што не знаевме пред 6 месеци дека ќе има трета доза и не е исправно сега да зборуваме за четврта. Дали бустерот ќе стане наше секојдневие? Кога почнавме со имунизацијата, не можевме да кажеме ништо за ефикасноста – се виде дека по 6 месеци се намалува ефикасноста на вакцините. Одговорот ќе се види во следните месеци. Во перспектива очекувам дека ќе имаме вакцина, која ќе даде сигурност да не мора да се вакцинира по 3 или 6 месеци, по што очекуваме да стане сезонска, кажа д-р Грозданова.

Таа не смета дека треба да се тестира бројот на антитела, бидејќи тоа е само половичен приказ на имуниот одговор на организмот. Светските препораки се прв прилика по прележување на Ковид, најбрзо што може, да се прими вакцината. Сепак, треба да се види состојбата на пациентот.

Во однос на следните набавки на вакцина, д-р Грозданова рече дека очекува тоа да бидат вакцините на Фајзер, со кои имаме договор. Било која МРНА вакцина е погодна за бустер, што значи и по две примени од Спутник.

– Од здравствен аспект нема никакви пречки третата доза да биде Фајзер, дури и симулацијата на татар на антитела е дури и подобар имун одговор. Вакцината на Спутник не се признава во повеќе европски и светски земји и добро е што на сертификатот ќе пишува Фајзер и третата се гледа, вели д-р Грозданова.

Последиците од дезинформациите и лажните вести се евидентни и голем е бројот на информации кои се споделуваат особено на социјалните мрежи, кои се косат со науката. Наспроти противниците на Ковид вакцините има луѓе кои сакаат да примат вакцини, меѓутоа имаат контраиндикации. Кој треба да им издаде документ дека не смеат да примат вакцина?

-Тоа се нивните специјалисти кои им ја водат болеста, од каде треба да издадат документ.

Специјалистот треба да знае кога пациентот е во добра здравствена состојба и е препорачливо да се вакцинира. Министерството за здравство треба да подготви административен документ. Доколку сте имале животозагрозувачка анафилакса, тоа е пречка. Тој број на ограничувања е многу мал – имавме луѓе со карцином, кои одлично ја прифатија вакцината, кажа д-р Грозданова.

Кај нас се’ уште има послаб интерес кај младите за примање на вакцина против Ковид, за разлика од САД на пример, каде над 60% од деца над 12 год се вакцинирани. Во Канада со Фајзер се вакцинираат и деца над 5 години. Кај нас  се следат препораките на ЕМА , која дозволи употреба на Фајзер за деца над 12 години.