Извештај на СЗО: Речиси 10 отсто од населението во Македонија во 2018 година било без здравствено осигурување, приватните плаќања осиромашиле четири отсто од домаќинствата

0
38

Речиси десет отсто од населението во земјава во 2018 година немало здравствено осигурување, што упатува на заклучок дека тие лица имале право на задолжителна закцинација и на итна медицинска помош на државна сметка, се вели во сеопфатниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствениот систем во Македонија што беше објавен денеска со наслов „Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита?“.

Тоа, пак, упатува на заклучок дека издатоците на домаќинствата за лекови во аптеките учествуваат со голем дел во вкупните трошоци за здравствена заштита во земјата, што е доста повеќе во споредба со други европски држави, се наведува во документот на СЗО што е преведен и на македонски јазик.

Приватните плаќања, според СЗО, биле причина за запаѓање во сиромаштија за околу четири отсто од македонските домаќинства во 2018 година, додека 6,5 отсто од домаќинствата истата година биле изложени на катастрофално високи трошоци, се нагласува во извештајот што претпладнево го презентира доктор Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Околу четири проценти од домаќинствата во Северна Македонија западнале во сиромаштија или во подлабока сиромаштија по приватни плаќања, а 6,5 отсто од домаќинствата имале катастрофални трошоци за здравствена заштита во 2018 година, се вели во најновата анализа за финансиска заштита во македонскиот здравствен систем, спроведена од Светската здравствена организација (СЗО). Тоа, како што истакна доктор Клуге, ќе остане голем предизвик за ублажување во идниот период.