Интерес во Тетово за имунизација но само за трета доза, младите се помалку сакаат да ја примат и првата доза

0
25

Во Тетово намален интересот за вакцинација за десет пати, споредбено со изминатово лето. Интерес има само за трета доза.

Здравствените работници апелираат граѓаните да се имунизираат, новиот бран гледајќи го искуството од соседните земји, ни тропа на врата.

Драги Неделчевски денеска ја прими третата доза Фајзер. Го прележал вирусот со полесни симптоми, но сепак се одлучил за бустер дозата. Дел од неговото семејство поминале со тешки последици и смртни случаи, а имунизацијата вели е најсигурната заштита од Ковид 19.

На пунктот за имунизација обично повозрасни луѓе, кои како и Неделчевски ја примаат третата доза. Интересот за вакцинација здравствените работници велат е драстично намален, особено кај помладата генерација.

Вакцини има доволно, граѓаните можат без термин слободно во поголем број да дојдат и да се имунизираат, апелираат здравствените работници.

Дневно се примаат околу 100 дози, за разлика од летниот период кога во пунктовите за имунизација се инјектираа и до 1500 вакциини. Инаку состојбата со вирусот во тетовско е стабилна. Хоспитализрани се неколку пациенти, намален е бројот на нови позитивни случаи, како и на амбулантски прегледи.