Искршени двојазични табли на повеќе државни институции во Прилеп (ФОТО)

0
35

Непознати сторители ноќеска ги искршиле двојазичните табли во двата влеза на зградата во која се сместени подрачните единици и канцелариите на повеќе државни институции, пренесе ПУБЛИКУМ.

Искршени се таблите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство како и таблата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

-Вандалите не ги поштедиле ниту двојазичните табли поставени во другиот влез од објектот, во кој се сместени канцелариите на УЈП – Регионална дирекција Прилеп, Централен регистар, Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделие. Освен таблите, сторителите го искршиле и стаклото од влезната врата, пишува порталот.

Вандалскиот чин е пријавен во полиција, после што екипи на ОВР Прилеп извршиле увид на местото на настанот.