Касами го исклучи Реџепи од Беса

0
16

Лидерот на Беса, Биљал Касами, објави дека партијата го исклучила пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави на собраниската седница за недоверба на владата.

„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот нa Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши и престижот на партијата, јас го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член“, објави Касами на фејсбук.