Касами на средба во ЈКП Тетово- На 27 ноември акција за чистење на градот

0
19
Градоначалникот на Општина на Тетово ја оствари првата средба со преставници на ЈКП Тетово.
-Сакав да ги дознаам одблизу сите проблеми со кои се соочува претпријатието. Заедно со в.д. Лулзим Шаќири разговаравме за проблемите во кои се наоѓа претпријатието, како да се излезе од оваа ситуација и да им обезбедиме на граѓаните чист град без отпад и град снабден со квалитена вода за пиење, рече Касами
Новото раководство на ЈКП се залага за поквалитетни услуги на граѓаните. Исто така на 27 ноември ќе организираме и еднодневна акција за чистење на градот, на која заедно со општинската администрација, училиштата, ги покануваме и приватните бизниси, еколошките здруженија, граѓанскиот сектор и секој граѓанин на Тетово да ни се придружат во ова акцијата за чистење на градот, додаде новиот градоначалник.